Греењето на принципот земја-вода, ја користи чистата сончева енергија која е складирана во земјата. Со засилување на сончевите зраци во пролет, отпочнува да се складира енергија под површината на земјата. Како што станува потопло, енергијата се складира подлабоко во земјата. Додека да дојде есен, од нашиот најголем извор на топлина - сонцето, во земјата е складирана достаточно енергија за затоплување на вашиот дом за време на студената зима.
Дури и за време на невообичаено свежи лета, во земјата под вашиот дом ќе биде складирана доволна количина на топлинска енергија, која ќе обезбеди во континуитет да уживате во топлината на домот.
Користејќи бушотини во кои се инсталираат колектори, се прибира сончевата топлина која е складирана длабоко во земјата, на дното на езерото или неколку метри под вашиот тревник. Со други зборови, не треба да имате планина на вашиот имот за да инсталирате топлотна пумпа земја-вода. Типот на топлотниот извор кој е најсоодветен за вашите потреби, ќе зависи од енергетските потреби на вашиот дом, вашиот систем за греење и од типот на вашиот имот.
Топлотната пумпа ја концентрира складираната топлинска енергија и ја загрева водата за во тушевите и радијаторите. Течноста во колекторите циркулира и се загрева од сончевата топлина складирана длабоко во земјата или во езерото. Како што течноста поминува низ топлотната пумпа, се сретнува со уште еден затворен систем. Таму има ладилно средство, кое на многу ниски температури се претвора во гас. Температурата на гасното ладилно средство значително се зголемува со компресор под висок притисок. Кондензаторот ја пренесува топлината до системот за греење и, истовремено, ладилното средство се претвора во течен облик – подготвено повторно да се претвори во гас и да собере повеќе топлинска енергија.
_